Рускиот весник „Комерсант“ пишува дека поранешниот службеник на ЦИА, Едвард Сноуден, долго време се задржа во транзитната зона на аеродромот„ Шереметјево“, бидејќи Куба не му дозволила влез во државата.
Американскиот разузнавач кого што САД го бараат поради откривање на податоците за тајниот програм за шпиунажа, по пристигнувањето од Кина, планирал да замине во Хавана, пренесе „Ројтерс“.
И покрај тоа што имал резервиран билет за летот, Сноуден, остана во Русија.
Цитирајќи повеќе извори, весникот „Комерсант“, наведува дека причина поради која што Сноуден го пропушти летот, е тоа што Куба во последен момент, наложила да не му биде дозволено на Сноуден да влезе во авионот.
Во текстот се наведува дека официјална Хавана имала притисок од САД, поради што решила да го направи тој чекор.
Елена Георгиевска