Авион на чешката авиокомпанија ЧСА на линија од Прага до Хамбург, синоќа бил принуден да се врати на аеродромот „Вацлав Хавел“ веднаш по полетувањето, поради тоа што во пилотската кабина се огласила сигнализација за чад.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, иако првично беше информирано дека не е потврден пожар во авионот и ситуацијата не била сериозна, подоцна некои медиуми информираа дека 44 патници од авионот биле хоспитализирани в болница заради труење со чад.
– Никакви сериозни проблеми не беа регистрирани кај патниците, изјави Јитка Зинке, портпаролка на Воената болница во Прага, каде биле примени дел од патниците.
И останатите патници од болницата во „Мотол„, кои биле превентивно прегледани, исто така биле пуштени и дел од нив со друга линија биле префрлени на посакуваната дестинација.