Поради бурата „Кјара“ во Холандија откажани натпревари и одложени летови

Од:

Бурата „Кјара“ денеска го погоди холандскиот брег, поради што откажани се околу 120 полетувања и слетувања од аеродромот Шипол, еден од најголемите во Европа.

Исто така, откажани се сите фудбалски натпревари, како и спортски настани на отворено.

Холандскиот метеоролошки институт издаде предупредување за бура, со налети на ветрот од 100 километри на час. Метеоролозите предупредуваат дека во делови на земјата може да се очекува ветрот да дува со јачина од 140 километри на час.

Бурата „Кјара“ претходно ја погоди Велика Британија, поради што се откажани голем број летови, а дојде и до прекин и доцнање во железничкиот и поморскиот сообраќај. Бурата донесе ветер со брзина од 120 километри на час, како и поројни дождови. Во Велика Британија во сила е предупредување луѓето да останат во своите домови, односно да не излегуваат надвор без голема потреба.

Поради бурата, откажани се и околу 100 лета во Франкфурт, од вкупно планираните 1200 за денеска.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи