Популарноста на Макрон во пораст во пресрет на претседателските избори

Од:

Додека идните противници ги одмеруваат меѓусебно силите, Емануел Макрон освојува поени во јавното мислење. Според анкетата на БВА-Оранж-РТЛ, 46 отсто од Французите имаат добро мислење за Претседателот на француската република, јави дописникот на МИА од Париз.

Ова претставува значително зголемување (+6 поени) откако се најде на околу 40 отсто од поволните мислења во истиот барометар во претходните месеци.

Шефот на француската држава напредува во сите категории на население, дури и во оние што традиционално се понеповолни за него, како што се службениците и работниците (40 отсто, +7 поени). Тој, исто така, останува многу добро позициониран во богатите социјални категории: 52 отсто од овие Французи имаат добро мислење за него.

Како што се приближуваат претседателските избори во 2022 година, Емануел Макрон ужива многу поголем рејтинг на популарност од неговите претходници. Седум месеци пред изборите, Никола Саркози имаше вкупно 32 отсто од поволните мислења во септември 2011 година. Од своја страна, во септември 2016 година, Франсоа Оланд имаше само 18 отсто од позитивните мислења.

Би можело да ве интересира

Франција го повикува Иран да се врати на преговорите

Франција ги замрзна цените на гасот до крајот на 2022 година

Ана Ололовска

Француски министер прогнозира раст на цените и во текот на 2022 година

Ана Ололовска

Француски министер најави можност ЕУ да воведе санкции против Полска

Ана Ололовска

Невреме во Франција остави 250.000 домаќинства без струја

Ана Ололовска

Злосторство во Франција, тело на маж без глава пронајдено во градот Болен

А1он