Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

Од:

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон го достигна најниското ниво откако е дојден на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го прифаќаат работењето на шефот на државата, покажува анкетата на Ипсос.

Според анкетата спроведена на 11 и 12 септември, популарноста на Макрон е помала за седум процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти на одобрување, што е најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д’Диманш“.

Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и е непозната политичка фигура за многу испитаници.

Анкетата на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе можат да го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Судирот меѓу Макрон и Трамп го открива новиот курс на Европа

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски