Пет амeрикански авиокомпании ги откажаа или пренасочија летовите на своите авиони од и кон Мексико Сити, поради зголеменото количество на пепел кое излегува од кратерот на вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа на 65 километри од аеродромот во мексиканскиот главен град.
Аеродромот во Мексико Сити соопшти дека авикомпаниите „Ју-Ес Ервејз“, „Делта“, „Јунајтед Ервејз“, „Американ Ервејз“ и „Аљаска Ерлајнс“ откажале 47 свои летови поради превентивнипричини.
Во соопштението се посочува дека аеродромот работи нормално, бидејќи пепелта од вулканот не доаѓа до него.
Попокатепетл е втор по големина вулкан во Мексико, висок 5.452 метри. Вулканот почна да манифестира засилена активност уште во текот на мај, а во последниве 24 часа од неговиот кратер почнаа да излегуваат пепел и вжештени камења.