Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра

Од:

Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем.

Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години.

Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде уште жртви штом ќе се повлече водата. Војската ги ангажирала сите свои ресурси за расчистување на теренот.

Сојузната и покраинските влади ја проценуваат штетата на неколку милијарди евра, а веќе е одредена итна помош од 300 милиони евра за санирање на штетите во покраините Рајна-Фалц, Северна Рајна Вестфалија и Баварија.

– Ова е ужасно. Германскиот јазик нема зборови со кои може да го опише ова уништување. Но, охрабрувачки е како луѓето се држат заедно, како си помагаат едни на други. Ние сме со вас. Обновувањето ќе биде долго, но ние ќе сториме се за оваа убава област да биде иста како порано, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Сончевото време овозможи почеток на обновата на целиот регион долж границата со Белгија, Холандија и Луксембург.

Водостојот на реките во деловите погодени од поплавите полека се повлекува, но сливот на трите најголеми реки – Рајна, Дунав и Елба, сè уште е висок.

Најмалку 157 лица загинаа, додека неколку стотици се водат како исчезнати. Бројот од 1.300 исчезнати драстично се намали, бидејќи во меѓувреме околу 700 лица се јавија дека се безбедни или се евакуирани од поплавените подрачја.

Критично е и во австриските покраини кои граничат со Германија: Салцбург и Тирол. Поројни дождови го погодија и југот на Италија, каде улици се претворија во реки. Во холандската провинција Лимбург бил пробиен насип. Армијата е ангажирана и во Белгија за спасување и евакуација во четири провинции.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас