Поплави во Италија, се очекува невреме и во Словенија

Од:

Поројни дождови предизвикаа поплави во Италија, а слично невреме се очекува и во соседна Словенија каде е прогласена црвена тревога, највисок степен на предупредување поради опасност од природни непогоди.

Во Италија најтешко е погоден северниот дел на земјата, Тоскана, Лигурија и Венето. Опасноста од невреме во Словенија се однесува за западниот и јужниот дел на земјата.

Реката По во близина на Милано се излеа од своето речно корито, а предупредување е прогласено и за Лигурија во северозападниот дел на земјата.

Црвен аларм за Словенија е прогласен денеска и ќе важи до утре, кога се најавуваат нови силни врнежи, како и за следните три дена, а смирување на невремето се очекува во сабота наутро.

Според метеоролозите најаголеми проблеми со поплави се очекуваат во западниот дел на земјата.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти