Понта: Јавноста треба да знае дали во Романија имало центри на ЦИА

Од:

Романската Влада ќе ги достави сите информации со кои располага, за евентуалното постоење на центри на американската централна разузнавачка агенција ЦИА во земјата, бидејќи јавноста има право да биде информирана, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој истакна дека новоизбраниот претседател Клаус Јоханис треба да свика седница на Врховниот совет за одбрана, и да побара увид во целиот извештај на американскиот Сенат, во кој е наведено дека за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш ЦИА испитувала десетици осомничени терористи на локации ширум светот, меѓу кои се споменува и Романија.

– Откако ја презема функцијата премиер (2012) не сум имал пристап до информации, кои ќе потврдат постоење на такви центри во Романија. Влдата е апсолутно отворена и подготвена да ги достави сите информации, кои можат да се најдат во архивите, за да се открие дали има  вистина во тврдењата за Романија, истакна Понта.

Тој додаде дека романското Обвинителство го истражува случајот.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген