Помпео: САД сакаат да работат со Русија за да се стави крај на конфликтот во Либија

Од:

САД сакаат да работат со Русија за да се стави крај на конфликтот во Либија, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео.

Сепак, тој додаде дека вчера го предупредил рускиот колега Сергеј Лавров дека Москва, како и сите други земји треба да го почитуваат ембаргото за испорака на оружје во Либија.

– Ние сакаме да работиме со Русите, да дојдеме на преговарачка маса, да имаме серија разговори што конечно ќе доведат до решение што ќе го создаде она што Обединетите нации се обидуваат да го направат, рече Помпео.

Либија е поделена од 2014 година на два ривалски воени и политички табори. Во Триполи е седиштето на меѓународно признатата влада, додека на исток се силите предводени од командантот на либиската национална армија Калифа Хафтар, кој започна офанзива во Триполи.

Американската војска верува дека руските противвоздушни системи собориле американски дрон кој исчезна минатиот месец кај Триполи и бара враќање на остатоците од леталото.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети