Помпео: САД ќе го употребат секој инструмент за да ги ослободат двајцата Американци во Венецуела

Од:

САД ќе ја употребат секоја можност за да ги ослободат двајцата Американци, за кои се тврди дека се уапсени при неуспешниот обид за државен удар во Венецуела, изјави државниот секретар Мајк Помпео.

-Доколку режимот на Мадуро одлучи да ги задржи, ќе го искористиме секој инструмент што го имаме на располагање за да се обидеме да ги вратиме, рече Помпео пред новинарите.

Тој го повтори демантот на претседателот Доналд Трамп за учеството на неговата земја во настанот, додавајќи дека „доколку ние учествувавме, нештата ќе се развиваат на поинаков начин“.

Венецуелските власти на 3 мај јавија дека успеале да спречат упад на група платеници од Колумбија, кои сакале да извршат преврат во Боливарската република.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во телевизиско обраќање соопшти дека се фатени 13 платеници, кои имале намера да извршат преврат во републиката.

Меѓу нив имало и членови на американските безбедносни служби.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски