Американскиот државен секретар Мајкл Помпео изјави дека Стејт департментот го почнал процесот за разгледување на одлуката на Агенцијата за општи работи (ГСА) за почеток на транзицијата на власта меѓу администрациите на претседателот Доналд Трамп и новоизбраниот претседател Џозеф Бајден.
-Денес го почнавме процесот, за да видиме каква е одлуката на ГСА, и да сториме се што налага законот. Ние ќе ја завршиме работата, рече Помпео синоќа, пренесен од британските медиуми.
Британските медиуми проценуваат дека со оваа изјава „Помпео навести дека Стејт департментот го почнал процесот на транзиција“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно вчера кажа дека ГСА не одредува кој ќе биде следниот американски претседател.