Помпео: Иранскиот генерал Сулејмани престојувал во освоениот Киркук

Од:

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео денеска изјави дека командатот на силите Кудс на иранската Исламска револуционерна гарда, генералот Касим Сулејмани, престојувал во ирачкиот град Киркук, кој неделава ирачката армија го освои од курдските сили.

Ирачката Влада, во која доминираат шиитските Арапи, добива значителна поддршка шиитскиот Иран, и според Помпео, САД имаат информации дека генералот Сулејмани го посетил Киркук во рамките на нивните операции.

Конфликтот меѓу курдските сили и ирачката армија се заканува да ја продлабочи граѓанската војна во Ирак, во време кога шиитските сили и Курдите, со американска помош, успеаа да извојуваат решавачка победа над сунитските џихадисти од групата Исламска држава (ИД).

САД ја обвинуваат Исламската револуцонерна гарда и особено генералот Сулејмани за вмешаност во низа војни во регионот, вклучително и во конфликтите во Сирија, Ирак и Јемен на страна на шиитските заедници.

Откако Ирачки Курдистан одржа референдум за независност на 25 септември, армијата на Ирак ги потисна курдските сили од териториите кои ги држеа јужно од официјална граница автономниот регион, вклучително и од големиот град Киркук и неговите нафтени полиња.

Ирачките Курди, кои во САД гледаат свој главен политички и безбедносен заштитник, апелираа за помош, велејќи дека во спротивно Иран, преку ирачката Влада, дополнително ќе го прошири своето влијание во регионот.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји