Помпео го повика Ирак да го зачува својот суверенитет

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдел Махди и му укажа дека Ирак треба да го зачува својот суверенитет и покрај „нападите“ на Иран.

Тој го изјави ова еден ден по ракетниот напад врз американската Амбасада во Багдад, која се наоѓа во Зелената зона во градот која е многу обезбедена.

Во телефонскиот разговор, Помпео изрази „огорченост поради повторните напади на иранските вооружени групи врз американски објекти во Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

– Ирачката Влада треба да преземе итни мерки за да ги заштити нашите дипломатски објекти, како што е предвидено со меѓународното право, напиша Помпео на Твитер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Нападната е американска воена база во Ирак

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија