Помпео го обвини Советот на ОН за човекови права за лицемерие

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го обвини Советот на ОН за човекови права за лицемерие, откако организацијата усвои резолуција со која се осудува расизмот и полициската бруталност во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во мај.

Помпео рече дека резолуцијата на тоа тело за политиката и расата ја потврдува исправноста на одлуката на САД да се повлечат од таа организација во 2018 година.

– Советот на ОН за човекови права, кој сега се состои од 47 држави, меѓу кои и Венецуела, Куба и Кина, е рај за диктаторите и демократиите кои им се потчинуваат. Тоа е големо разочарување за оние кои вистински сакаат да го подобрат човековото достоинство, се вели во соопштението на Помпео.

Тој додаде дека вчерашната резолуција на Советот за расизам и полициско насилство во САД „го деградира ова тело уште пониско“.

Би можело да ве интересира

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД

Песков: Разговорите Путин-Трамп може да се одржат пред крајот на февруари или подоцна

Агелер: Внимателно го следиме владиниот предлог за разрешувањето на обвинителот Љупчо Коцевски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

Рубио ги објави условите за крај на војната во Украина