Помпео ги повика властите во Белорусија веднаш да ги ослободат уапсените демонстранти

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска на брифинг во Стејт департментот ги повика властите во Белорусија веднаш да ги ослободат задржаните демонстранти.

Помпео побара од властите на Белорусија веднаш да ги ослободат сите приведени за време на протестите во земјата и го повика официјален Минск да запре со насилствата.

-САД разгледуваат воведување санкции кон повеќе лица вклучени во кршењето на човековите права во Белорусија, истакна Помпео.

Претходно, заменикот државен секретар, Стивен Биган, предупреди дека воената интервенција на Русија во Белорусија, би имала „многу негативно“ влијание на односите на Москва со САД и европските земји.

Државниот секретар прво се задржа на американско-кинеските односи, истакнувајќи дека властите на Кина во последно време прават напори во правец на ограничување на активностите на американските дипломати во земјата и побара возвратни мерки од САД.

Стејт департментот потоа излезе со соопштение за јавноста во кое се вели дека ќе се воведе реципроцитет во однос на активностите на кинеските дипломати во САД.

Помпео изрази увереност во потребата од мирно разрешување на пограничниот конфликт меѓу Индија и Кина. Тој, исто така, ги истакна напорите на администрацијата на Трамп кон подобрување на ситуацијата на Блискиот Исток, посебно во однос на нормализацијата на односите на Израел со неговите соседи.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“