Помошник на Нетанјаху обвинет за издавање на доверливи воени информации

Од:

Помошникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Џонатан Урих, ќе биде обвинет за издавање на доверливи воени информации за време на војната во Газа, изјави денес израелскиот федерален обвинител.

Урих ги негира обвиненијата, кои започнаа кон крајот на 2024 година, објави Ројтерс.

Нетанјаху ја опиша истрагата против Урих и уште еден негов соработник како „лов на вештерки“.

Обвинителката Гали Бахарав-Миара во изјави дека Урих и уште еден соработник на Нетанјаху добиле доверливи израелски воени податоци кои потоа ги проследиле до германскиот весник „Билд“.

Според неа, нивната намера била да го обликуваат јавното мислење за Нетанјаху, како и да влијаат на дискурсот за убиството на шесте израелски заложници кои беа убиени од нивните палестински киднапери кон крајот на август 2024 година.

Смртта на заложниците предизвика масовни протести во Израел и ги налути нивните семејства, кои го обвинија Нетанјаху дека ги попречува преговорите за прекин на огнот, за кои тврдеа дека пропаднале од политички причини, тврдење што тој жестоко го негираше.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети