Бредон Брајант повеќе од четири години работел на тајната американска програма за беспилотни летала за бомбардирање мети во Авганистан и околните држави и има информација дека помогнал во убиство на повеќе од 1.600 лица.
Тој за „ВВС“, вели дека негова работа било да ја контролира камерата на леталото и ласерот во случај да треба да се испали ракета, бидејќи пилотот не смеел да ја активира додека Брендон со ласер не ја означи метата.
Според неговите зборови со тек на времето чувствувал немир поради тоа што го правел. Во напад на двајца мажи во Авганистан во 2007 година, несреќно загинало и едно дете.
-Верувавме дека двајцата мажи кои ги следевме, престојуваа во малата колиба од која излегуваше светлина . Само шест секунди пред ракетата да ја разнесе колибата, забележав како некој влегува во објектот- раскажува Брендон и додава дека иако координаторот на мисијата му рекол дека се работи за куќе, тој смета дека тоа било дете и дека поради тоа чувствува голема тежина.
Како што вели одлуката за напуштање на работата ја донел кога мета им бил американскиот државјанин Анвар ел Авлаки, кој што беше убиен во напад со дрон во Јемен. Претпоставените му рекле дека Авлаки би можел да стане нов Бин Ладен.
-Тој беше американски државјанин, а јас сум се заколнал дека ќе ги штитам граѓаните на САД и сметам дека направивме грешка. Тогаш одлучив да си одам -нагласува Брајант, кој во април 2011 година дал отказ на работното место.
Е. Г.