Полското Обвинителство го сослушува Туск за авионската несреќа во 2010 година покрај Смоленск

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пристигна во зрадата на главното Обвинителство на Полска, за да биде сослушан како сведок во истрагата за авионската несреќа во 2010 година покрај Смоленск, во која загина тогашниот полски претседател Лех Качински.

Туск пристига изутрината опколен од неговите приврзаници, кои извикуваа „Доналд Туск!“.

За време на несреќата тој беше премиер на Полска. Обвинителството соопшти дека сака да го сослуша, бидејќи полската држава не обезбедила вистинска идентификација на жртвите во несреќата, при што посмртните останки беа погребани во погрешни гробови.

Во случајот има и политички елемент, со оглед на тоа што влијателниот полски политичар Јарослав Качински, братот близнак на Лех Качински е познат политички противник на Туск и тој тврди дека Туск во одредена мерkа е одговорен за несреќата.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Зеленски и Туск: Украина и Полска ќе работат заедно за да ја запрат руската агресија

Горан Наумовски

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух