Полскиот претседател го предупреди Трамп: Не му верувај на Путин

Од:

Полскиот претседател Карол Навроцки му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија не ги почитува договорите и дека на рускиот претседател Владимир Путин не може да му се верува, изјави Марчин Пржиџиќ, раководител на Бирото за меѓународна политика во Кабинетот на полскиот претседател.

Пржиџиќ во емисијата „Дебата Гоздири“ изјави дека Навроцки директно му го пренел ова на Трамп за време на видеоконференцијата одржана по средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во резиденцијата Мар-а-Лаго, каде што се дискутираше за мировен план за Украина, објави порталот „Полсат њуз“.

„На Владимир Путин не треба да му се верува – тоа беше кажано директно“, рече Пржиџиќ.

Според него, Навроцки би можел да игра значајна улога во идните американско-руски разговори, бидејќи Трамп обрнува внимание на ставовите на своите соговорници, кои тој лично ги почитува.

Тој додаде дека ова би можело да го намали влијанието на, како што рече, „проруските наративи во Белата куќа“.

Пжиџиќ се осврна и на домашните прашања во Полска, наведувајќи дека владата го менува својот пристап кон спорот околу назначувањето службеници во безбедносните служби.

Тој потврди дека ќе се одржи состанок меѓу претставници на претседателот, Министерството за одбрана и координаторот на тајните служби, Томаш Сиемонијак.

Пржиџиќ оцени дека министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш е подготвен за соработка и изрази надеж дека сличен пристап ќе се примени и во односите меѓу Претседателската палата и Министерството за надворешни работи, особено кога станува збор за назначување амбасадори.

Би можело да ве интересира

Иран немаше избор, а вие ја изгубивте контролата, Оман му испрати остра порака на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека не знаел за нападот на гасното поле во Иран, Израел го демантира

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Трамп: Со напаѓањето на Иран, спречивме нуклеарен конфликт и Трета светска војна

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Горан Наумовски

Трамп: Не ни е потребна помош од никого