• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

Полски агенти уапсија 19-годишник осомничен за планирање терористички напад

by А1он12/06/2025 - 10:33124
Share0

Службеници од Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) приведоа 19-годишник под сомнение за планирање терористички чин.

Добивај вести на вибер

Ова е трето лице кое се соочува со обвиненија во истрагата што ја надгледува Окружното обвинителство Олстин во североисточна Полска, изјави Јацек Добжински, портпарол на координаторот на специјалните служби.

„Истражителите утврдија дека сите осомничени собирале информации на интернет за ракување со огнено оружје, позиции за стрелање и спроведување борбени операции на отворени и затворени простори. За целите на обуката, тие посетувале стрелишта и вршеле воено-тактичка обука“, рече тој на платформата X.

Добжински рече дека осомничените собирале пиротехника и упатства за тоа како да се конструираат експлозивни системи, црпејќи инспирација, меѓу другото, од активностите на масовните убијци како што се Андерс Брејвик, Брентон Тарант и Тимоти Меквеј.

„Тие беа фасцинирани од нивната идеологија, анализираа како ги извршуваат нападите и грешките што ги прават. Содржината што ја преземале влијаела врз формирањето на екстремно радикални ставови“, рече Добжински.

Тој додаде дека двајца од мажите се задржани во притвор, додека третиот осомничен е ставен во домашен притвор од страна на Окружниот суд во Олштин.

apsenjepolsaterorizam

Би можело да ве интересира

Објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не е утврдено дали е автентична

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 13:24

ВИДЕО: Детали за киднапирањето на Николас Мадуро, заврши во притвор во САД

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 12:24

Нови апсења во Турција за наместени натпревари, меѓу приведените е и поранешниот потпретседател на Галатасарај

Горан Наумовски26/12/2025 - 22:06

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица

Горан Наумовски14/12/2025 - 21:21

Четиринаесет уапсени во борба против мафијата: Голема рација во Италија

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Тинејџер уапсен поради планирање терористички напад врз црква во Русија

Горан Наумовски25/11/2025 - 12:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен