Полска урна четири споменици на војниците на Црвената армија, Кремљ бесен

Од:

Полска денеска урна четири споменици на војниците на Црвената армија кои загинаа во Втората светска војна, во светло на руската инвазија на Украина која ги влоши историски лошите односи меѓу Варшава и Москва.

Наследството од Втората светска војна е главен камен на сопнување во полско-руските односи, а конфликтот во Украина ја натера Полска да го забрза отстранувањето на спомениците на паднатите советски војници низ целата земја.

Русија тврди дека ја ослободила Полска кога Црвената армија ги истерала нацистите. Повеќето Полјаци веруваат дека Советскиот Сојуз ја заменил нацистичката окупација со друга форма на репресија.

„Овој споменик е споменик на лагата“

„Овој споменик е споменик на лагата“, рече Карол Навроцки, раководител на полскиот институт за национално сеќавање, стоејќи пред споменикот во јужниот град Глупчице пред да биде урнат.

„Советите не донесоа слобода во 1945 година, тие донесоа ново ропство“, додаде тој.

Уништени се и спомениците во градовите Бичина и Сташов на југот на земјата и Боболице на север.

Песков: Тоа е монструозна лага

Тоа го осуди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа е лага, монструозна лага бидејќи толку многу граѓани на Советскиот Сојуз загинаа ослободувајќи ја Полска“, им рече тој на новинарите.

„Тоа е уште еден обид да се измами младата генерација Полјаци со тоа што им се сервираат лаги и предизвикувајќи омраза кон Русите“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски