Полска соопшти дека Берлин официјално го одбил барањето за репарации од Втората светска војна

Од:

Полските власти денеска соопштија дека Германија ги известила дека нема намера да влегува во преговори за какви било репарации (компензации) за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека прашањето е затворено.

Полското Министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека апелирало до ОН за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1.300 илјади милијарди долари за време на нацистичката окупација 1939-1945 година.

Во текот на тој долготраен спор, Германија инсистираше на тоа дека прашањето е затворено со одлуки донесени во времето на комунизмот, кога Варшава се откажа од барањето репарации. Полска вели дека била под притисок од Москва и дека не е правно обврзувачка, и во октомври испратила формално барање за компензација.

Министерството за надворешни работи на Полска соопшти дека во официјална нота од 28 декември, Владата во Берлин објавила дека „прашањето за репарации и компензација за воените загуби се уште е затворено и германската влада нема намера да отвори преговори на оваа тема. “

Полското Министерство вети дека ќе продолжи со напорите и објави дека владата денеска му се обратила на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и други високи претставници на ОН, барајќи „соработка и поддршка“ за Полска да добие воени репарации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он