Полска се премисли: Варшава ќе испрати тешко оружје во Украина

Од:

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда изјави дека повторно ќе испрати тешко воено оружје или одбранбени системи во Украина.

„Како што пристигнува новото оружје од Кореја и САД, ќе се ослободиме од оружјето со кое сега е опремена полската армија и ќе може да се испрати во Украина како што правевме до сега кога испраќавме старо советско оружје“, рече Дуда во интервју за полската приватна телевизија TVN24.

Полскиот претседател синоќа изјави дека изјавата на премиерот Матеуш Моравјецки била погрешно цитирана во одредени западни медиуми.

„Многу е добро што се појави изјавата на владиниот портпарол со која се разјасни прашањето. Зборовите на премиерот беа протолкувани на најлош можен начин. Изјавата на премиерот се однесуваше на новото оружје што го купуваме за полската армија. И двајцата имаме ист став, не можеме никому да го испратиме оружјето што сега го купуваме за милијарди долари за да ја зајакнеме безбедноста на Полска“, рече Дуда.

Тој ги потврди информациите од полските независни медиуми, портпаролите на полската влада и некои украински пратеници дека испораките на муниција и оружје продолжуваат нормално врз основа на договорите потпишани со Украина, а исто така и дека ремонтот на тенкот Леопард, финансиран од Германија, продолжува без прекин во Полска.

Би можело да ве интересира

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства