Полска потпиша договор за купување американски борбени авиони „Ф-35“ за 4,6 милијарди долари

Од:

Полските власти денеска во базата Демблин потпишаа договор за купување на 32 американски борбени авиони од петата генерација “Ф-35“ за 4,6 милијарди долари, што ќе почнат да патролираат со воздушниот простор на Полска од 2026 година.

Ова е невообичаено важен ден за полското Воено воздухопловство, за полските пилоти на воени ловечки авиони, за безбедноста на Полска, за безбедноста на целиот наш дел од Европа, изјави на свеченоста Врховниот командант на Вооружените сили, претседателот на Полска, Анжеј Дуда.

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, го потпиша договорот според кој компанијата „Ликуд Мартин“ 32-та авиони „Ф-35“ во верзијата „А“ – за конвенционално полетување и слетување, ќе и ги стави на располагање на Полска за 4,6 милијарди долари до 2024 година, но пред се за обука на полските пилоти во САД, додека првите 16 модели ќе почнат да оперираат во земјата дури од 2026 година.

Борбениот авион „Ф-35“ е врв на врвовите. Тоа е ловец неспоредлив со било кој друг авион.

На воените воздухопловства што го имаат им дава огромна предност. Купувањето на овие авиони е елемент на полската стратегија на заплашување, рече министерот Блашчек во пресрет на потпишувањето на договорот.

Полското Министерство за одбрана својот план за модернизација на воздухопловството со купувањето американски авиони „Ф-35“ го претстави во 2017 година, а преговорите беа забрзани минатата пролет по серијата дефекти и хаварии на старите руски авиони „МИГ- 29“, со кои сега располага полското Воено воздухопловство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Верижна сообраќајка на автопат во Полска, се запалиле автомобили, четворица загинати и 12 повредени

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Туск предупреди дека иднината на демократијата во ЕУ зависи од одговорот на миграцијата

Горан Наумовски

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски