Полска нема докази дека биле соборени беспилотни летала од руско потекло, тврди Москва

Од:

Полска не презентираше докази дека дроновите соборени над земјата се од руско потекло, изјави денес вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордас.

-Сметаме дека обвинувањата се неосновани. Не се презентирани докази дека овие дронови се од руско потекло, изјави тој за РИА Новости,

Рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави дека Полска никогаш не доставила докази дека Русија го нарушила воздушниот простор на земјата.

Кон крајот на 2022 година, гранати паднаа на полска територија во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица. Варшава првично тврдеше дека оружјето е од руско производство, но потоа претседателот Анджеј Дуда призна дека муницијата најверојатно му припаѓала на Киев, според руската агенција.

Полските власти утрово објавија дека собориле неколку руски дронови кои влегле во полскиот воздушен простор преку ноќ, и дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин, додека европските претставници изјавија дека станува збор за намерен руски упад.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност