Полска наводно блокирала нова рунда санкции, ЕУ без договор

Од:

Членките на Европската унија денеска не успеаја да се договорат за нов пакет санкции против Русија, потенцијално пропуштајќи го планираниот рок за нивно воведување една година по инвазијата на Москва на Украина, изјави дипломатски извор за Ројтерс.

Сите 27 земји-членки на ЕУ мора едногласно да се согласат за воведување санкции. Извори тврдат дека Полска го блокира пакетот поради предложените исклучоци од забраната за увоз на руска синтетичка гума во ЕУ.

Според тие извори, полските дипломати рекле дека исклучоците се толку големи што санкциите ќе станат неефикасни. Други извори известуваат дека овие исклучоци биле предложени поради Италија, со поддршка од Германија.

Претставниците на членките повторно се среќаваат во петок наутро за да се обидат да постигнат договор. Десеттиот пакет санкции од почетокот на руската инвазија треба да и отежне на Русија да ја финансира војната и да и ги ускрати деловите што и се потребни за производство на оружје.

Би можело да ве интересира

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Украина потврди дека е пред договор со САД за минералите

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина