Полска ќе го засили притисокот врз Германија за исплата на репарации

Од:

Полскиот заменик-министерот за надворешни работи и комесар за репарации Аркадиуш Муларчик во интервју за германската новинска агенција ДПА изјави дека Варшава сака да го зголеми притисокот врз Германија за исплата на репарации од Втората светска војна.

– Прашањето за репарации има фундаментално значење за Полска, ова не е само политичко прашање, туку се работи за достоинството на Полска, посочи Муларчик.

Тој додаде дека „Германија има избор: или ќе седне на преговарачка маса со Полска, или ќе го иницираме прашањето на сите меѓународни форуми – во ОН, во Советот на Европа и во Европската унија.

Муларчик како претседател на парламентарна комисија подготви извештај за воената штета нанесена врз Полска од нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Износот на штетата е проценет на 1,3 трилиони евра.

– Мора да има дијалог за ова прашање, инаку би било многу лошо за нашето соседство, посочи Муларчик, кој денеска и утре е во посета на Берлин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува