Полска истражува хакерски напад врз железничката мрежа на земјата

Од:

Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW) истражува хакерски напад врз железничката мрежа во земјата, кој го прекина сообраќајот во текот на ноќта, објави денеска државната полска новинска агенција.

Заменик-координаторот на специјалните служби Станислав Зарин рече дека ABW и полицијата истражуваат неовластена употреба на систем вклучен во управувањето со железничкиот сообраќај, пренесува Ројтерс.

Според него, хакерите користеле железнички фреквенции за да пренесат сигнал за итно запирање на возовите во северозападна Полска, што предизвикало доцнење.

Зарин рече дека секоја таква акција се третира сериозно, со оглед на „неодамнешните обиди на Русија да ја дестабилизира Полска“.

„Таквите напади ги извршува Руската Федерација во соработка со Белорусија и поради оваа причина не ги потценуваме сигналите што доаѓаат до ABW“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск