Полска им забрани влез на мотоциклистите од Ноќни волци

Од:

Полска нема да им дозволи на руските мотоциклисти од клубот Ноќни волци да ја преминат полската граница и да влезат на територија на Европската унија.

Во соопштението на полското Министерство за надворешни работи се наведува дека причината за таквата одлука е поради тоа што немаат прецизни информации за движењето и распоредот на мотоциклистите, поради што не можат да ја гарантираат нивната безбедност.

На руските мотоциклисти, кои не се поврзани со Ноќни волци, дозволен им е влез во Полска.

Руската федерација за мото-туризам најави дека по повод 70-годишнината од победата над нацистичка германија ќе организира свечено возење од Москва до Берлин, каде мотоциклистите треба да стигнат на 9. мај, Денот на победата. Мотоциклистите планираат да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка и да ги посетата спомениците од војната, меморијалните музеи за холокаустот и гробовите на советските војници.

Полската премиерка Ева Копач и шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек пред неколку денови идејата ја оценија како провокација.

Ноќни волци се познати по блиските врски со рускиот претседател Владимир Путин, по нивната поддршка на анексијата на Крим и на прорруските сили кои се борат во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата