Полска е подготвена да испрати борбени авиони Ф-16 во Украина

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Полска е подготвена да испрати борбени авиони Ф-16 од американско производство.

„По ова прашање ќе дејствуваме во координација со другите членки на НАТО и со САД“, рече Моравјецки.

Сè повеќе воени претставници во Пентагон тивко лобираат да одобрат испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина за да и помогнат да се одбрани од руски беспилотни летала и ракети, потврдија за Политико три извори запознаени со ситуацијата.

Американските F-16 се блиску до врвот на листата на желби на Украина од почетокот на руската инвазија. Сепак, и Вашингтон и Киев досега им даваа приоритет на артилерија, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана поради потребата да се заштити цивилната инфраструктура, но и да се започне со ослободување на териториите окупирани од руските сили.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер: За да се стави крај на војната во Украина, мора да ја слушаме Кина

Ана Ололовска

Медведев: Москва се подготвува за украинската контраофанзива

Ана Ололовска

Ѕвездата на Star Wars собира пари за дронови за Украина

Ана Ололовска

Пригожин одговори: Не заминувам од Украина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Снимка од Пригожин кој покажува на мапа: „Украинците подготвуваат три клучни удари“

Ана Ололовска

Украинците тврдат дека вчера убиле над 1.000 руски војници

Ана Ололовска