Полска бара зајакнато присуство на НАТО од Балтичко до Црно Море

Од:

Поради украинската криза, потребно е поголемо присуство на НАТО во источниот дел на Европа, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

– Ако не постои подготвеност за поголемо присуство на НАТО во пограничните земји на ЕУ, тоа ќе значи дека солидарноста на Алијансата е само декларативна, истакна Туск на меѓународната конференција за безбедност во Братислава.

Според него, военото присуство преку инфраструктура и специјални единици треба да се зголеми во трите балтички републики, во Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија, односно каде што е границата со „нестабилниот регион“.

Неодамна воената команда на НАТО соопшти дека поради зголемена тензија меѓу Русија и Украина, Алијансата треба да размисли за постојаното дислоцирање на дополнителни воени единици во некои источноевропски земји-членки.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он