Полска бара поголема улога на земјите членки во ЕУ

Од:

Најдобро решение за излез од сегашната криза во која се наоѓа ЕУ е спроведување реформи со кои земјите членки ќе добијат поголема улога во носењето одлуки на сметка на европските институции, изјави лидерот на полската владејачка партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински.

– Не возможно е постоење на Европа на две брзини. ЕУ треба да остане единствена, но треба да биде поинаква, подбра отколку што е сега, изјави Качински за Полската телевизија.

Тој најави дека полската Влада ќе достави план за „преобразба на ЕУ“, кој ќе биде насочен на „прецизирање на односите меѓу Унијата и нејзините земји членки, базирани на принципите на меѓународното право“.

Како што јави ТАСС, Качински оцени дека ЕУ е една од малкуте меѓународни организации, што не ги спроведува општо признатите меѓународни норми, како оние за суверениетот на државите и немешањето во внатрешните работи.

– По спроведувањето на серија промени, со кои ќе се утврдат основните норми за функционирање на ЕУ и нејзините вредности, ќе може да се каже дека тоа е здрава унија на држави, кои можат тесно да соработуваат и да создаваат заеднички пазари, при што во исто време ќе се создаде структура…, што ќе произлегува од суверенитетот на одделните држави, рече Качински.

Според него, земјите членки треба да бидат центар на ЕУ, а не нешто, како што сметаат некои претставници на Унијата, што му пречи на блокот.

Идејата за „Европа на повеќе брзини“ беше реафирмирана на последниот Самит на ЕУ во Ла Валета од дел од земјите основачи на Европската заедница, кои се залагаат за посилна интеграција во рамки на блокот.

Би можело да ве интересира

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

ЕУ воведе контра-царини за американски стоки

ЕУ подготвува жесток одговор на американските царини

Горан Наумовски

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина