Половина од симпатизерите на УМП би гласале за Националниот фронт

Од:

Последните испитувања на јавното мислење во Франција покажуваат дека половина од симпатизерите на опозициската Унија на народното движење (УМП) на Никола Саркози, се подготвени на локлано ниво да гласаат за екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН), јави дописникот на МИА од Париз.

Дури 50 отсто од симпатизерите на УМП, чиј кандидат беше елиминиран во првиот круг на дополнителните избори за членови на Националното собрание, се согласуват нивната партија да се здружи со ФХ на Марин Ле Пен. Во однос испитувањата од пред една година, бројот на оние лпо имаат ваков став се за десет проценти побројни.

Анкетата покажува и дека дури 43 проценти од поддржувачите на партијата на Саркози посакуваат УМП и ФН да постигнат договор и на национално ниво.

Ова испитување на јавното мислење доаѓа само еден месец пред претстојните департмански избори и откако во 2014 година Националниот фронт забележа големи изборни успеси со победа во десетина градови и со освојување на 25 пратенички места во Европскиот парламнет и две места во францускиот Сенат.

Интересно е дека во очите на симпатизерите на УМП, Националниот фронт добива на кредибилитет, па така дури 43 отсто од анкетираните сметаат дека оваа екстремно десничарска партија би можела да биде дел од владата.

Сепак мнозинството Французи или 54 отсто сметаат дека Националниот фронт претсатвува опасност за демократијата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата