Половина од Јазидите кои што биле киднапирани од ИД, се уште се во заробеништво или исчезнати

Од:

Според податоците на министерството за верски прашања на автономниот регион Ирачки Курдистан, речиси половина од Јазидите кои што беа киднапирани пред три години од страна на Исламска држава, се уште се во заробеништво или се водат како исчезнати.

Јазидите се курдско малцинство, кое што исповеда езотерична религија и беа жестоко прогонувани од ИД. Во 2014 година, џихадистите убија илјадници Јазиди во реонот на планината Синџар, а киднапираа илјадници жени и девојки кои ги претворија во сексуални робинки.

Со помош на меѓународната коалиција, курдските сили ги победија џихадистите во Синџар во ноември 2015 година, а во текот на октомври оваа година ирачките сили го презедоа Синџар од курдските борци.

Од киднапираните 6.417 Јазиди од Синџар, само 3.207 се спасени или избегале, а од останатите 3.210 кои што се во заробеништво, 1.507 се жени и 1.703 мажи, а голем дел деца.

ИД уништи 68 верски објекти на Јазидите, а откриени биле 47 масовни гробници.

Од вкупно 550.000 Јазиди во Ирак, 100.000 ја напуштија земјата, а 360.000 се раселени и живеат во Ирачки Курдистан и Сирија.

Би можело да ве интересира

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски