Додека целиот свет работи на пронаоѓање вакцина против Ковид-19, ново истражување покажа дека половина од анкетираните Италијанци не би се вакцинирале доколку ваквата вакцина била достапна.
Истражувањето на примерок од 1.000 луѓе е спроведено на универзитетот „Католика“ во Кремона, а резултатите го објави дневниот весник посветен на здравствениот персонал на Котидиано ди Санита.
Според истражувањето, оние што би прифатиле да се вакцинираат се постари лица, пензионери, млади и студенти, додека членовите на средната генерација, вработените, претприемачите и работниците се скептични во врска со вакцинирањето.