Половина милион луѓе умреле од последиците на коронавирусот во светот само во последните шест недели, покажуваат последните податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон.
Според универзитетот, на почетокот на пандемијата за ваквите бројки на жртви од Ковид-19 требало да минат цели шест месеци.
Во САД досега умреа 404.218 од коронавирус, а во Бразил над 208.000.
Во Индија и Мексико, според универзитетот во Вашингтон, од инфекцијата на коронавирусот фатален крај имале над 100.000 луѓе, во Велика Британија приближно 90.000, а од синоќа во Франција над 70.000.
Повеќе од 50.000 жртви на Ковид-19 се регистрирани уште и во Италија, Русија, Иран и Шпанија.
Стапките на смртност во многу земји во Европа и Северна Америка почнаа нагло да растат во ноември минатата година.