Половина милион Кинези со писмо до СЗО бараат истрага за американската био-лабораторија во Форт Детрик

Од:

Повеќе од половина милион корисници на Интернет од Кина потпишаа отворено писмо до Светската здравствена организација (СЗО) во кое бараат истрага за американската биолошка лабораторија во Форт Детрик за да се „спречат идни епидемии“, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебреизус, претходно, не ја исклучи можноста за вештачкото потекло на коронавирусот. Тој соопшти дека организацијата има намера да изврши ревизија на лабораториите и истражувачките капацитети во областите каде се појавија првите случаи на Ковид-19 во декември 2019 година.

Во отворено писмо од жителите на НР Кина се наведува дека за да се спречи друга епидемија, СЗО треба да посвети внимание на лабораториите што проучуваат опасни вируси или биохемиско оружје. На посебен начин, писмото ги истакнува Институтот за истражување на инфективни болести на американската армија (УСАМРИД), со седиште во Форт Детрик, Мериленд, за кој се вели дека содржи опасни и заразни вируси – ебола, САРС, МЕРС и сипаници. Истекувањето на кој било од нив може да доведе до сериозни последици.

„Во текот на есента 2019 година во лабораторијата имало протекување пред да избувне епидемијата на Ковид-19, но САД не открија детални информации за инцидентот под изговор на националната безбедност“, се наведува во писмото.

Во писмото се забележува дека Кина им дозволи на западните вирусолози и претставници на американските медиуми да го посетат Институтот за вирусологија во Вухан, а САД не ја отворија лабораторијата во Форт Детрик и не ги „споделија првичните податоци со земјите, вклучувајќи ја и Кина, кои се независни од геополитичкото влијание на САД.

Според кинескиот весник, американската лабораторија била привремено затворена во 2019 година, откако била извршена ревизија од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ). Причината за затворањето била наречена „инфраструктурни проблеми со дезинфекција на отпадните води“, но објаснувањето, според мислењето на весникот, не е доволно убедливо. Само со утврдување на потеклото на вирусот, светот може да ги елиминира потенцијалните опасности и да избегне натамошно избувнување на епидемии, пишува весникот „Глобал тајмс“.

Група кинески корисници го подготвија писмото и го замолија весникот да го објави на социјалните мрежи, што беше направено во саботата, на 17 јули. Само во текот на денот писмото собрало повеќе од 500.000 потписи, забележува весникот.

СЗО во март ја објави финалната верзија на извештајот од меѓународна група експерти од градот Вухан за идентификување на потеклото на коронавирусот, во кој протекувањето на коронавирусот од лабораторијата го нарекоа „крајно неверојатно“. Во извештајот, исто така, се вели дека новиот вид коронавирус најверојатно врз луѓето бил пренесен од лилјаци преку друго животно. Друга верзија за потеклото на Ковид-19 – пренесување од животно од луѓе – експертите го додадоа на списокот на хипотези „од можна до веројатна“. Мисијата на СЗО ја нарече и „можна“ и верзијата за појава на Ковид-19 преку смрзната храна.

САД и 13 други земји издадоа заедничко соопштение во кое изразија загриженост за наодите од извештајот на СЗО од посетата на меѓународниот тим и ја нагласија потребата од „транспарентна и независна“ истрага за потеклото на Ковид-19.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијанг, коментирајќи ја намерата на САД да се објави извештајот за потеклото на Ковид-19, тоа го нарече политичка игра и обид вината да се префрли врз други. Тој кажа дека фактот дека САД се обидуваат да им дозволат на разузнавачките служби да извлекуваат научни заклучоци само укажува на тоа дека Вашингтон не е заинтересиран за вистината.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот