Полјански: Ситуацијата во која се гони Додик е закана за стабилноста на БиХ

Од:

Ситуацијата околу кривичното гонење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, претставува закана за стабилноста на Босна и Херцеговина, изјави денес заменик-постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Пољански, по затворените консултации во Советот за безбедност за ситуацијата во БиХ по одземањето на мандатот на Додик, одржани на барање на Русија.

На прес-конференција, Пољански повтори дека причина за кризата во БиХ се одлуките на нелегалниот висок претставник, кого го нарекуваат „г-дин Шмит“.

„Тој не е признат од Република Српска и не е потврден во Советот за безбедност на Обединетите нации. Ова е проблем со одредена историја. Предупредивме дека некои од неговите постапки потенцијално ќе доведат до голем проблем. Токму тоа се случува“, нагласи Пољански.

Би можело да ве интересира

Додик: Договорот е основа на сè

Додик: БиХ нема да стане членка на НАТО

А1он

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

Каран го победи Блануша со разлика од два отсто

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска