„Политико“: Се подготвува политичка бура што ќе ја промени Полска

Од:

Новиот полски претседател Карол Навроцки денес ја презеде функцијата за петгодишен мандат, но тоа не e празничен ден за премиерот Доналд Туск. Навроцки, националист кој отворено е во сојуз со американскиот претседател Доналд Трамп, тесно победи на претседателските избори во јуни, нанесувајќи голем удар на политичките перспективи на проевропската центристичка коалиција на Туск, пишува „Политико“.

Резултатот, според Политико, се заканува да ја запре законодавната агенда на петтата најголема земја-членка на ЕУ и ги забавува плановите за враќање на владеењето на правото, што претходно доведе до заладување на односите меѓу Варшава и Брисел. Сепак, во некои области, како што е одбраната, има простор за соработка бидејќи „на сите им е јасно дека Русија е непријател“.

„Претседателската победа на десничарскиот опозициски кандидат радикално ја промени политичката динамика во Полска и ги попречи плановите на либерално-центристичката влада да ја рестартира својата реформска агенда“, напиша Алекс Шчербијак, професор на Универзитетот во Сасекс, кој ја проучува полската политика.

Навроцки го наследува Анджеј Дуда, исто така кандидат поддржан од националистичката партија Право и правда (ПиС), која со години ги забавува реформите на Туск. Но, Навроцки најави дека ќе биде уште поагресивен за да ја прикаже владата како неефикасна и со тоа да го отвори патот за враќање на ПиС на власт во 2027 година, на следните парламентарни избори.

Бен Стенли, политиколог на Универзитетот SWPS во Варшава, предвидува двегодишна борба меѓу претседателот и премиерот.

Неодамнешната реконструкција на владата покажува дека Туск се подготвува за фронтален конфликт – тој го назначи Валдемар Журек, поранешен судија кој беше прогонуван од ПиС поради спротивставување на нивната судска реформа, за шеф на Министерството за правда. Журек веднаш почна да ги отстранува судиите назначени од ПиС.

„Тоа е само загревање“, напиша Туск на социјалните мрежи откако ПиС реагираше со негодување.

Едно од клучните боишта ќе бидат напорите на Туск да ги поништи промените на ПиС во судството, што доведоа до блокирање на милијарди евра од фондовите на ЕУ од страна на Брисел. Иако Туск вети дека ќе ги врати демократските стандарди и со тоа ќе ги деблокира парите, малку е направено за да се врати независноста на судството и да се отстранат контроверзните судии. Дуда досега го блокираше ова, а Навроцки ќе продолжи по истиот пат.

Нови предупредувања веќе доаѓаат од Брисел.

„Важно е институциите да продолжат да работат на реформи за да обезбедат вистинска поделба на властите“, рече Ана Катарина Мендес, потпретседател на групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, која го водеше извештајот за состојбата на владеењето на правото во Полска минатата година.

Би можело да ве интересира

Доналд Туск ги изнервира израелските политичари

Масовно апсење на руски агенти во Полска

А1он

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Полска ги повикува своите граѓани во Русија веднаш да ја напуштат руската територија

Анджеј Дуда се заканува со „чистки“ и жали што нема повеќе бесење

Руските авиони ја вознемирија Полска кој ги „подигна“ авионите