„Политико“: НАТО стравува дека Грција може да ги засили врските со Русија

Од:

Северноатланскиот воено-политички сојуз НАТО многу повеќе од Брисел стравува Грција да не ја напушти еврозоната и нејзините врски со ЕУ да не ослабнат, а причината можно е да биде економското и стратешко зближување меѓу Атина и Москва, тврди американското списание „Политико“.

Русија ќе  има корист од излегувањето на Грција од еврозоната, но тоа е само една од причините поради кои НАТО стравува од ваквиот развој на ситуацијата.

Владимир Путин сака да го ослабне европскиот фронт заради санкциите против Русија, а разочараната Грција ќе му даде идеална шанса да „продре“ низ растечката политичка пукнатина што е иницирана со разговорите за излезот на Атина од еврозоната.

Русија веќе претходно го почна зближувањето со Грција, со почнувањето на заедничките енергетски проекти, иако, според ставот на Западот, билатералниот договор од ваков тип претставува кршење на „трансатлантската солидарност“.

Американското списание проценува дека подлабоките економски врски меѓу Русија и Грција би можеле сериозно да го загрозат обидот на Западот да делува обединето против Москва.

Грција би можела да му наштети на НАТО така што ќе стопира некои одлуки како членка на Алијансата, бидејќи при одлучувањето е неопходна согласноста на сите партнери.

Кризата во Грција ја урна вербата во трансатлантската заедница во сопствената сила, а тоа може да доведе до најтешките последици за НАТО, заклучуваат авторите на написот во списанието „Политико“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица