„Политико“: Лајен не е поканета на средбата Мишел – Џинпинг

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е поканета на средба помеѓу претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на форумот на Г20 во Индонезија следната недела, објави „Политико“.

„Политико“ повикувајќи се на неименувани официјални претставници на Европска Унија, наведува дека причината за тоа е што Лајен не му дозволила на Мишел да присуствува на состанокот со индискиот премиер Нарендра Моди на форумот на Г7 во Германија, што се одржа во јуни.

Односите меѓу Лајен и Мишел претрпеа значителен раскол во трите години од почетокот на нивните мандати. Наместо да се координираат, тие прво се избегнуваа, а службениците во двете европски институции се убедувани да не комуницираат меѓу себе, наведува весникот.

Во оваа ситуација, не може да се очекува ЕУ да претстави обединет фронт на самитот на Г20 на Бали. На соработниците на лидерите на ЕК и на ЕС, вклучени во организацијата на патувањето за форумот, им е наложено да ја подготват својата програма на начин да не се сретнат тие двајцата, наведува „Политико“.

Овој раскол не само што влијае на законодавната и политичката агенда на ЕУ, туку и се заканува да ја поткопа позицијата на заедницата во светот, наведува „Политико“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен