„Политико“: Израел поставил шпионски апарати во близина на Белата куќа

Од:

Во последните две години поставени се апарати за набљудување во близина на Белата куќа. Апаратите ги постави Израел, изјавија поранешни американски претставници за магазинот „Политико“.

Апаратите за надгледување на мобилните телефони наменети се за шпионирање на американскиот претседател Доналд Трамп и откриени се во текот на неговиот мандат.

Портпаролот на Амбасадата на Израел во Вашингтон изјави дека „таквите обвиненија се апсолутна глупост“.

– Израел не извршува шпионски операции во САД, точка, изјави Елас Строхмајер.

Додека поранешен американски разузнавач истакна дека е „прилично јасно дека Израелците се одговорни“.

Белата куќа одби да ги коментира наводите.

„Политико“ објави дека се сомнева дека Израел ја прислушува комуникацијата на Белата куќа.

– Израелците се прилично агресивни. Тие се грижат само за заштита на безбедноста на државата Израел и се ќе направат за да ја постигнат таа цел, посочи поранешниот неименуван американски разузнавач.

„Политико“ истакнува дека администрацијата на американскиот претседател Трамп не презела мерки како одговор на однесувањето на Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци