Политичка криза во Чешка

Од:

Спор меѓу Владата и претседателот на Чешка за министерска функција прерасна во политичка криза откако врховен судија во земјата изјави дека шефот на државата најверојатно го крши Уставот.

Претседателот Милош Земан, кој има претежно церемонијални функции и треба да ги потпишува сите назначувања на министри, одбива да ја прифати владината одлука за разрешување на министерот за култура Антонин Станек и на негово место да биде назначен Михал Шмарда.

Претседателот на Уставниот суд Павел Рихетски денеска изјави дека „недејствувањето“ на претседателот е во спротивност со Уставот на Република Чешка.

– Тоа е должност, а не право, претседателот да одобрува назначувања на министри, рече Рихетски.

Станек и Шмарда се претставници на Чешката социјалдемократска партија, која е помал партнер во владината коалиција со партијата АНО на премиерот Андреј Бабиш.

Социјалдемократите се закануваат дека ќе го тужат претседателот за да го натераат да потпише, додека Бабиш истакна дека повеќе е за преговори.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница