Властите во Хондурас воведоа полициски час од 18 до шест часот наутро и им дадоа поголемо овластување на армијата и полицијата по насилните протести, кои започнаа по одржувањето на претседателските избори минатата недела.
Мерката ќе биде во сила десет денови, а војската ќе и помага на полицијата да го одржува редот и мирот, соопшти Владата.