Полицијата во Париз и во Нант ги растеруваше посетителите на музичките фестивали

Од:

Француската полиција во Париз и во Нант се судри со посетителите на музичките фестивали, што вчера се одржаа во рамките на традиционалната годишна манифестација Празник на музиката.

По повод празникот вчера во повеќе француски градови, како и секоја година, беа организираи концерти и музички манифестации, што годинава се одржуваа под зголемено полициско присуство поради пандемијата со Ковид-19.

Дел од француските медиуми објавија дека париската полиција ги растерала присутните граѓани на муизичкиот настан во Канал Сен Мартен, а на социјалните мрежи беа објавени фотографии како полицијата употребува солзавец во Нант.

Музичката манифестација во Нант се одржуваше во исто време како и демонстрациите со кои е одбележана годишнината од смртта на Стив Канико, кој загина минатата година во судир со полицијата по еден концерт.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата