Полицијата во Париз го забрани протестот в сабота пред Големата џамија

Од:

Полицијата во Париз забрани одржување протести против антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“, кои беа планирани за в сабота пред Големата џамија во Париз.

Приватно лице поднело во полицијата барање да му се дозволи да организира протест пред Големата џамија оваа сабота, но началникот потпишал наредба во која се забранува собирот, потврди полицијата.

Доколку организаторот сепак ги одржи протестите, тогаш тој може да биде осуден на шест месеци затвор и паришна казна од 700 евра.

Францускиот премиер Жан-Марк Еро вчера изјави дека протестите против американскиот антиисламски филм ќе бидат забранети.

Нема да дозволиме во нашата земја да навлезат конфликти кои не ја интересираат Франција. Тоа се малцински групи кои сакаат да ја искористат ситиацијата. Властите тоа нема да го дозволат, истакна Еро.

Повици за протсети в сабота во Париз и други големи градови се објавени на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток