Полицијата во Хонгконг уапси околу 200 демонстранти, учесници во вчерашниот традиционалниот марш за демократијата, кој се одржува на годишнината од враќањето на оваа територија под управа на Кина.
Во маршот, според организаторите учествувале над 510 илјади лица, а според властите над 98.600 лица.
Дел од учесниците се обидоа да организираат седечки протест по завршувањето на маршот.
Повеќето од учесниците во протестот се обидоа да се фатат за раце и да ги спречат полицајците да ги растераат.
Во обраќањето по повод годишнината од враќањето на Хонгконг на Кина главниот администратор Леунг Чун-јинг ги повика граѓаните да избегнуваат активности, со кои може да ги поткопаат стабилноста и напредокот на Хонгконг.
Главно барање на демонстрантите на овогодишниот протест беше повеќе демократија во изборите за лидер на локалната влада.
Кина се заложи да даде можност во 2017 година главниот адмиистратор на Хонгконг да биде избран на избори, но ја исклучи можноста кандидатите да ги предложуваат граѓаните.