Во обид да ја спречат денешната ескалација на насилството на демонстрациите во Хонгконг, полицијата по првпат пукаше со несмртоносна муниција кон насобраните.
Западните медиуми пренесуваат дека еден од демонстрантите бил погоден в гради и му била укажана лекарска помош додека лежел на улица, облеан во крв.
Претходно полицијата пукаше и со гумени куршуми, при што се повредени најмалку 15 лица.
Полицијата прво испукала неколку предупредувачки истрели кога демонстрантите почнале кон нив да фрлаат цигли и молотови коктели. Полицијата испука и солзавец и користеше топови со вода, а меѓу повредените има и претставници на медиумите.
„Гардијан“ информира дека демонстрантите ги уништуваат седиштето на администрацијата и метро станиците со создавање на барикади.