Чешката полиција побара од Парламентот да го одземе имунитетиот на поранешниот министер за финансии и лидер на партијата Акција на незадоволни граѓани 2011, Андреј Бабиш поради сомневање за измама со европски пари.
Бабиш беше отстранет од функцијата министер за финансии по спор со премиерот Бохусвал Соботка заради бизнис зделките.
Полицијата врши истрага дали конференциски центар близу Прага изграден од поранешна фирма на Бабиш, нарушил закони за да добие донации од ЕУ од 50 милиони круни (2,25 милиони долари).
Партијата Акција на незадоволни граѓани води во анкетите за парламентарните избори на 20 и 21 октомври. Доколку победат Бабиш би бил следениот премиер на Чешка.
Парламентарна комисија на 18 август ќе расправа за одземање на имунитетот на Бабиш, а гласањето може да се одржи на 5 септември.